Елче испрати жалба до Ла Лига поради Гави: Може ли Барса да биде казнета?

Фото: EPA-EFE/Manuel Lorenzo

Tимот на Елче официјално испрати жалба за настапот на Гави во натпреварот кој Каталонците го добија за викендот со 4:0.

Гави пред неколку месеци потпиша професионален договор со Барселона и тоа беше негов прв професионален во кариерата, сепак Ла Лига подоцна го поништи договорот и го врати младиот фудбалер на аматерски договор како член на академијата „Ла Масија“.

Сепак, според луѓето од Елче, Гави немал право на настап во овој натпреварот. Проблемот е што се чекаше судската пресуда на жалбата на Барселона откако прво беше усвоена таа на Ла Лига за задоцнетата регистрација.

Луѓето во Ла Лига го избришаа Гави по целиот случај, но од Барселона тврдеа дека добиле дозвола за настап на Гави.

Елче сепак е убеден дека Гави не е лиценциран и немал право да игра. Ако Ла Лига ја прифати жалбата на Елче, Барселона освен што ќе го загуби натпреварот со службени 0:3 ќе се се соочи и со одземање на три бода.

Во една таква ситуација Реал Мадрид би се вратил на шест бода негатива во битката за титулата. До крајот на првенството во Шпанија има уште 11 кола.

Судот ја поништи жалбата на Барселона за Гави

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот