Судот ја поништи жалбата на Барселона за Гави

Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Неодамна Ла Лига донесе изненадувачка одлука откако ја поништи регистрацијата на Гави.

Барселона веднаш испрати жалба до судот за одлуката за договорот на 18-годишниот фудбалер. Сепак, денес стигна информација дека жалбата на Барселона е отфрлена и одлуката на Ла Лига ќе остане на сила.

Младиот фудбалер во овој момент игра како фудбалер без регистрација, тоа би можело да донесе проблем за Барселона во финишот од сезоната. Сепак, добра вест за гигнатот од Каталонија е што веќе имаат 12 бода предност во однос на Реал Мадрид на врвот на табелата.

За Гави е актуелен младинскиот договор и нема да може да го носи дресот со број шест, исто така во младинскиот договор има клазула според која може да замине бесплатно на лето.

Сепак, засега не се најавува дека фудбалерот изразил желба за заминување, Барселона секако сака да го задржи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот