Експертите очекуваат да се појави варијанта отпорна на вакцина на вирусот

Вакцини против Ковид-19 / Фото: EPA

Извршниот директор на „Фајзер”, Алберт Бурла изјави дека експертите од светската биофармацевтска компанија сметаат дека најверојатно ќе се појави варијанта отпорна на вакцини против „Ковид-19″.

– Секогаш кога ќе излезе некоја варијанта во светот, нашите научници се обединуваат против неа и проучуваат дали таа варијанта може да избега од заштитата на нашата вакцина. Се уште немаме идентификувано, но веруваме дека еден ден ќе се појави, изјави Бурла за „Фокс њуз”.

Сепак, Бурла додаде дека „Фајзер” може да произведе актуелизирани верзии на својата вакцина за борба против варијантата во рок од три месеци од нејзиното откривање.

– Изградивме процес со кој, во рок од 95 дена откако ќе ја идентификуваме варијантата, ќе може да имаме вакцина прилагодена на таа варијанта, рече Бурла. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот