Екс фудбалер на Реал Мадрид доаѓа во Барселона

EPA-EFE/YOAN VALAT

Барселона по болната елиминација во полуфиналето на Лигата на шампионите, почна со поготовките за наредната сезона. Каталонскиот клуб најави дека дури десет фудбалери на лето ќе бидат продадени, и со собраните средства ќе се анагжираат нови засилувања со кои ќе се атакува на трофејот во Лигата на шампионите.

Највисоко на листата на желби на Барселона и сегашниот фудбалер на ПСЖ, Анхел Ди Мариа кој во минатото има настапувано за најголемиот ривал, Реал Мадрид.
Според весникот „Дон Балон“, претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е подготвен да го продаде Ди Мариа за 40 милиони евра.

Оваа сума е прифатлива Барселона но и за уште една шпанска екипа, Атлетико Мадрид но се очекува тој да се пресели на „Камп Ноу“. Причината лежи во Лионел Меси кој отворено му порачал на раководството на Барселона, по секоја цена да го ангажира аргенстинскиот репрезентативец.

Доколку се реализира трансферот, Анхел Ди Мариа ќе биде еден од ретките фудбалери како Луис Фиго, Самуел Ето, Луис Енрике, Роберт Просинечки и друго кои го носеле дресот на двете најголеми шпански екипи.

Аргентинецот играше за Реал Мадрид од 2010 до 2014 година и успеа да освои еден трофеј во Лигата на шампионите, а потоа премина во Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот