ЕК нотирала напредок за вклученоста на државата во заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ

Фото: Министерство за одбрана

Министерството за одбрана информира дека Европската Комисија во објавениот извештај за Северна Македонија за 2023 година, во поглавјето 31 посветено на надворешната, безбедносна и одбранбена политика нотирала добро ниво на подготвеност и добар напредок во однос на усогласувањето на земјата со надворешната и безбедносната политика на Унијата.

„Во однос на заедничката безбедносна и одбранбена политика, земјата продолжи активно да придонесува во операциите на ЕУ за кризен менаџмент, во ЕУФОР АЛТЕА во Босна и Херцеговина, во мисијата во Централноафриканската Република и во борбената група на ЕУ HELBROC. Северна Македонија е дел и од Балканските медицински наменски сили“, се вели во извештајот.

Извештајот го нотирал и придонесот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР на Косово, НАТО мисијата во Ирак и мултинационалните сили на Алијансата, под капата на т.н. Зајакнато истурено присуство во источното крило на НАТО.

Дополнително, во него се укажало на фактот дека Северна Македонија го комплетираше истражувањето на ЕУ за ризици од хибридни закани кој цели да ги идентификува системските слабости и да овозможи ефикасна поддршка од страна на Унијата во оваа област.

Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на Унијата, а пример за тоа е усогласеноста со пакетот на рестриктивни мерки од ЕУ за Русија, по почетокот на руската агресија врз Украина.

Како позитивен пример Унијата го посочила и приоретизирањето на заштитата на човековите права, климата, справувањето со насилниот екстремизам и имплементацијата на резолуциите за жени, мир и безбедност кои ја промовираат улогата на жените и ја засилуваат улогата на младите во општеството.

-Вториот Национален план за имплементација на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН 1325 е мониториран од работна група која го објави својот втор извештај во април 2023 година, се наведува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот