Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајка во Автокоманда

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи рано изутрината во скопската населба Автокоманда.

Како што соопшти МВР, во 03.48 часот било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски” во близина на клучка „Дијамант” патничко моторно возило „алфа 147″ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (22) од Скопје излетало од коловозот и удрило во дрво.

Во незгодата сопатникот Д.П.(38) од Скопје, починал на местото на настанот, додека возачот Ф.Б. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен е увид од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот