Едно лице загина во невремето кое вчера ја зафати Грција

Едно лице го загуби животот, откако врз него паднал ѕид, а еден е исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос, според портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос, јави дописничката на МИА од Атина.

Локалните медиуми од Волос објавија дека загинатиот е сточар на околу 70-годишна возраст, а животот го загубил откако бил поклопен од ѕид, што паднал поради лизгање на земјиштето, во моментите кога мажот се обидувал да стигне до делот во кој ги чува овците.

Станува збор за прва жртва во Грција од невремето „Даниел“ што од вчера ја зафати земјата, а засега, најпогоден е градот Волос.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека постојат информации за уште едно лице кое исчезнало со автомобилот и се трага по него.

Од силното невреме поплавена е и болницата во градот, а поради поплавите во Волос до жителите, преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака дека со одлука на полицијата забранет е сообраќајот во поширокиот дел на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот