Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Табановце

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на автопатот Куманово-Табановце.

– Во 20.30 часот во СВР Куманово е пријавена сообраќајна несреќа на автопат Куманово-Табановце во која учествувале три возила ,,голф”, ,,поло” и ,,бмв”. Едно лице починало на местото, а три лица се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Куманово. Во тек е увид – информираа од СВР Куманово.

Од Итната медицинска помош во Куманово информираа дека едно од повредените лица поради сериозноста на повредите е пратено на скопските клиники, а останатите две лица се задржани во Општата болница Куманово. СВР Куманово најавува повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Камион е превртен на автопатот Неготино кон Демир Капија на 100 метри после бензинската пумпа на „Макпетрол“, соопшти вечерва Авто-мото сојузот на Македонија. Според информацијата на АМСМ, движењето е отежнато и се пропуштаат само патничките возила, а тешките товарни возила се пренасочуваат по регионалниот пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот