ЕБОР минатата година ја затвори со добивка од 2,1 милијарди евра

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) извести дека работела со профит во 2023 година благодарение на растот на каматните стапки и добрите резултати на берзата.

ЕБОР минатата година ја затвори со добивка од 2,1 милијарди евра, се вели во извештајот објавен во средата. Во 2022 година, банката забележа загуба од 1,1 милијарда евра, првенствено поради загубата на сопственички интереси во Русија и Белорусија, како што објасни претседателот Одил Рено-Басо минатиот јануари. Позитивниот резултат лани ја отсликува добивката од вложувањето во акционерски капитал, во износ од една милијарда евра.

Во 2022 година банката забележа загуба од 1,1 милијарди евра во таа ставка. Берзите лани беа генерално профитабилни, се истакнува во соопштението на банката.

Позитивниот резултат го поддржа и растот на каматните стапки, кои минатата година донесоа пет пати поголем принос на средствата финансирани од капиталот на членките, од 500 милиони евра, се наведува во соопштението. На крајот на 2023 година, капиталната основа на ЕБОР изнесуваше 22,3 милијарди евра и беше за три милијарди евра повеќе од 2022 година, се вели во соопштението.

Минатата година гувернерите на ЕБОР одобрија зголемување на платениот капитал за четири милијарди евра, зголемувајќи ја капиталната база на банката на 34 милијарди евра, во обид да ја задржат поддршката за Украина, објави „СЕЕ.биз.еу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот