Џонсон се извини пред парламентот и призна дека ги прекршил ковид-правилата

Борис Џонсон во британскиот парламент/ Фото AFP / AFP / Profimedia

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска му се извини на парламентот за прекршувањето на правилата за ковид-19, со тоа што присуствувал на забавата за неговиот роденден во градината на „Даунинг Стрит 10″, поради што минатата недела беше казнет со 50 фунти од Метрополитен полицијата, јавија британските медиуми.

Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети додека парламентот беше на велигденски одмор.

Пратениците за два дена, в четврток, ќе гласаат за тоа дали Џонсон треба да биде под истрага поради тврдењата дека го завел парламентот со постојаното кажување дека ги следел правилата за ковид-19 .

-Ја користам оваа прилика на првиот ден на нашето собирање да го повторам моето искрено извинување до Домот на општините. Веднаш штом го добив известувањето, ја потврдив грешката и гневот и кажав дека луѓето имаат право да очекуваат подобро од нивниот премиер, им кажа Џонсон на пратениците, додавајќи дека првично не сфатил дека со собирот ги прекршил правилата за Ковид-19.

„Во тој момент, или подоцна, не ми падна на памет дека собирот во кабинетот непосредно пред виталниот состанок за стратегијата за Ковид-19 може да значи прекршување на правилата. Повторувам дека тоа беше моја грешка и се извинувам за тоа, безрезервно”, изјави британскиот премиер пред пратениците во Долниот дом на парламентот, пренесуваат британските медиуми.

Роденденската забава од сопругата може да биде „нокаутот“ за Џонсон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот