Џон Малкович вечерва на „Охридско лето“ со „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“

Фото: Охридско лето

На големата сцена на Античкиот театар во Охрид вечерва во рамки на „Охридско лето“ ќе настапи светски познатиот актер, сценарист и продуцент Џон Малкович со театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец”

Претстава е работена според дело и режија на авторот Михаел Штурмингер, во музичка придружба на сопранистите Чен Реис и Сузан Лангбејн и оркестарот на „Виенската академија“.

„Пеколната комедија“ всушност претставува сценска изведба на австрискиот сериски убиец Џек Унтервегер, кој додека е во затвор станува поет и писател, што пак придонесува критиката да го засака, за потоа тој да биде помилуван како „пример за рехабилитација“. Слободен, Унтервегер станува новинар и баран предавач, но и повеќекратен убиец. Фатен и повторно осуден, си го одзема животот.

Оваа претстава ги спојува Малкович, оркестарот на Виенската академија, како и два прекрасни сопрани Чен Рајс и Сузан Лангбејн кои преку музика ги отсликуваат бесот, тагата и желбата за освета за жртвите. Според многумина оваа може да се нарече и нов жанр.

„Ја сакам оваа претстава бидејќи на некој начин ги поврзува и театарот и класиката и глумата и е нешто иновативно што ја привлекува публиката. Секогаш ќе биде актуелна бидејќи насилството отсекогаш го имало и ќе го има меѓу нас“ – изјави Малкович на вчерашната прес-конференција.

Обожавателите на овој познат актер имаат бројни можности за уживање во неговата брилијантна ексцентричност, но целосната чистина се согледува со неговиот настап во „Пеколна комедија“, која е возбудливо дело на театарот. „Пеколна комедија“ може да се гледа и како предупредување и како опомена, Од една страна општеството на Унтервегер му се додворува и го слави и покрај тоа што сторил ужасни работи. Од друга страна сер го поставува прашањето: Зошто на еден убиец би му била овозможена привилегијата на помилување. Гледајќи од друг аспект концептот на рехабилитација како таков е важен и суштински дел на моралните вредности. Но сепак, не може да се види како некој може да ги искупи гревовите за насила одземените животи. Па според тоа делото можеби зборува повеќе за општеството отколку за самиот Унтервегер.

Претставата предвидено е да започне од 21 часот, а продадени се над 2.400 влезници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот