Џоан Колинс во костим за капење го прослави Божиќ

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Колинс стекнала слава со улогата на Алексис во телевизиската серија „Династија“. Во 1983 година, таа добила ѕвезда на Холивудската патека на славните.

На 89-годишна возраст британската актерка Џоан Колинс на својот инстаграм – профил сподели фотографија на социјалните мрежи на која позира во едноделен костим за капење со нејзиниот сопруг, кој е 31 година помлад од неа. Колинс се пофалила дека овогодинешните божиќни празници ги поминала во бикини, сончајќи се и пливајќи во базенот во својот дом на Беверли Хилс.

„Имав одличен Божиќ во Беверли Хилс, пливав во базен и имав прекрасен ручек“, напишала Џоан покрај објавата

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

„Изгледаш одлично и среќно“, „Како да не старееш“, „За неа годините се само бројка“, „Секси засекогаш“, „Убава“, „Секогаш убава“, „Така е“, „Јас отсекогаш ти се восхитував. Екслузивна, убава“, ја пофалиле нејзините следбеници во коментарите.

Џоан и Перси се запознале во 2002 година во театар, а холивудскиот продуцент, кој е 31 година помлад од актерката, е нејзиниот петти сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)


Џоан има две деца од вториот брак, Тара и Александар, додека со третиот сопруг Рон ја добила ќерката Катјана Кас. Во август, во интервју за магазинот Saga, таа признала дека се уште мисли за себе како 40-годишна жена и на тој начин ја открила тајната на нејзината убавина, тврдејќи дека годините се неважни бидејќи нејзиниот фокус е на тоа како изгледа и како се чувствува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот