Џо Бајден на 81 роденден во чест на традицијата помилува мисирки во пресрет на Денот на благодарноста

Претседателот Џо Бајден поминува дел од својот 81-ви роденден почитувајќи ја традицијата на Белата куќа за помилување мисирки за Денот на благодарноста, пренесува Гласот на Америка.
Мисирките кои добиваат извршна милост на церемонијата во понеделник се именувани како Либерти и Бел.
Птиците стари 20 недели и 42 килограми беа изведени и одгледани за таа пригода во Вилмар, Минесота, од страна на мисиркината компанија Џени-О.
Церемонијата на помилување на мисирка го означува неофицијалниот почеток на празничната сезона во Вашингтон и тоа ќе биде особено напорен ден за Белата куќа.
Покрај прославувањето на роденденот на претседателот, Џил Бајден ја поздравува и испораката на 18 и пол метри високата Фрејзер елка од Северна Каролина како официјална елка во Белата куќа.