Џез-сцената се збогатува со деби-албум на ансамбл од познати музичари

Промоцијата на деби-албумот „Incorporated“ на ансамблот „Skopje Jazz Inc.“ ќе се одржи на 12 септември, во 20 часот, во Кафе-бар Филхармонија.

Деби-албумот е резултат на повеќегодишно заедничко музицирање, период во кој бендот изгради свој единствен и препознатлив стил што се темели на традицијата, со смел поглед кон иднината.

Бендот го сочинуваат музичари добро познати на домашната и меѓународната џез сцена: Трајче Велков на труба, Зоран Костадиновски на гитара, Горан Ѓешовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.

На албумот се наоѓаат седум авторски композиции, дела на Трајче Велков и Зоран Костадиновски. На албумот гостуваат двајца префинети и добро познати музичари, Кирил Кузманов на флејта и Гордан Спасовски на пијано.

Албумот е снимен во студио „Алшар“ во Скопје. Снимател и тон-мајстор е Ивица Јанкуловски. Албумот го издава издавачката куќа „ЗЏМ Рекордс“ (ZJM Records).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот