Џесика Симпсон ослабна 45 килограми: Ми беа потребни 3 години
Трите бремености несомнено оставија белег на физичкиот изглед на Џесика Симпсон, но нејзината упорност и труд ја вратија во нормала. 41-годишната актерка и пејачка ослабе дури 45 килограми.
„Па, беа потребни три години. Верувам во поставувањето мали цели. Тоа ми помогна да ги постигнам главните“, рече таа за време на гостувањето во шоуто „The Real“.
View this post on Instagram
Иако носењето бикини не ѝ било главна цел, таа признава дека чувствува дека овој момент вреди да се прослави.
„Одлучив да се фотографирам во костим за капење бидејќи бев горда на себе. Го постигнав она што изгледаше невозможно“, објаснила таа.
View this post on Instagram
Симпсон успешно слабее по секоја бременост
„Во бременоста многу се дебелеам. Ја славам, но последната беше навистина тешка. Не знам дали е поради годините или поради хормоните“, додава таа.
View this post on Instagram
Тренерот на Џесика, Харли Пастернак, претходно откри како ѕвездата ги постигнала своите фитнес цели. Таа го следела планот за исхрана на Пастернак за ресетирање на телото, кој вклучуваше три оброци дневно (со грицки) богати со протеини, влакна и масти. Исто така, не пиела алкохол.
View this post on Instagram
Правела околу 14.000 чекори дневно и тренирала три пати неделно. Според Пастернак, овие тренинзи вклучувале пет до десет минути кардио загревање и 20 до 30 минути тренинг со отпор и флексибилност, проследено со пет до 10 минути кардио. Покрај тоа, таа се посветила на возење велосипед како и на вежбање јога.