Џенифер Анистон / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Џенифер Анистон за 20-годишната борба со неплодноста: „Луѓето не знаат низ што сум поминала, а велеа дека не сакам дете затоа што сум себична “

Во трогателно интервју, американската актерка Џенифер Анистон (56) за првпат јавно проговори за својата борба со неплодноста, за која вели дека трае повеќе од 20 години. Во интервју за британскиот „Харперс Базар“, американската актерка откри колку ѝ било тешко да се справи со јавните шпекулации дека немала деца поради нејзината наводна себичност и опсесија со кариерата, пренесува „Индепендент“.

„Луѓето не знаеја ништо за мојата приказна или низ што поминував во последните 20 години обидувајќи се да основам семејство. Не ги споделував моите здравствени проблеми со другите – затоа што искрено, тоа не е ничија работа освен моја“, рече Џенифер, додавајќи дека со години ја мачеле лоши приказни.

„Доаѓа момент кога повеќе не можеш да го игнорираш тоа – постојаното повторување дека не сакам дете, дека не сакам семејство затоа што сум себична. Ме погоди. И јас сум само човек. Сите сме само луѓе. И затоа во еден момент си помислив – зошто да молчам?“, призна актерката.

Таа, исто така, нагласи дека најважно за неа е оние што се најблиски до неа да ја знаат вистината. „Понекогаш чувствуваш потреба да исправиш неправда, но потоа се прашуваш – дали тоа е навистина потребно? Моите пријатели ја знаат мојата вистина. Моето семејство ја знае мојата вистина и тоа ми е доволно“, искрено заклучи таа.

Џенифер беше во брак со Бред Пит од 2000 до 2005 година, а потоа со Џастин Теру од 2015 до 2018 година. Со текот на годините, таа направи бројни обиди за асистирана репродукција, но на крајот прифати дека мајчинството никогаш нема да се случи за неа онака како што замислувала.

„Поминав низ навистина тежок период во моите доцни триесетти и четириесетти години, обидувајќи се на секаков можен начин да забременам. Пробав ин витро фертилизација, пиев кинески чаеви, пробав сè. Би дала сè за некој да ми кажеше да замрзнам јајце-клетки тогаш. Но, едноставно не се размислуваше за тоа тогаш“, рекла таа во интервју за „Allure“ во 2022 година, додавајќи дека чувствува одредено олеснување на оваа возраст. „Не морам повеќе да размислувам за тоа – можам ли? Можеби. Можеби сè уште. Тој брод отплови, но не се каам“, признала таа.

Во интервју за „Харперс Базар“, Џенифер се осврна и на гласините дека нејзиниот наводен недостаток на желба да има деца е главната причина за нејзиниот развод од Бред Пит. „Тоа беа апсолутни лаги. Денес, немам што да кријам. И, не дај Боже, жената може да биде успешна без да има дете“, заклучи актерката, која сега е во среќна врска со хипнотерапевтот и гуру за велнес Џим Кертис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот