Лани се бореше со рак: Џејн Фонда на 85 години посреќна од кога било

Фото: Принтскрин/ Youtube

Позната актерка Џејн Фонда во интервјуто за „Пипл“ вели дека стареењето не е нешто од кое треба да се плашиме, туку нешто што треба да се слави. На 85 години, легендарната ѕвезда е позафатена од кога било и ова поглавје од нејзиниот живот го нарекува „најсреќното што некогаш сум била“.

Оскаровката има четири филма оваа година, вклучувајќи го и „Book Club: The Next Chapter“, кој премиерно ќе се прикаже во кината на 12 мај. Фонда вели дека снимањето на продолжението на нејзиниот хит од 2019 година „Book Club“ со пријателките и познати актерки Дајан Китон, Кендис Берген и Мери Стинбурген во Италија за неа е остварување на сонот. Ѕвездата на „Grace and Frankie“, која минатата година беше подложена на хемотерапија за не-Хочкинов лимфом и сега е во ремисија, имаше многу подеми и падови во животот, но секогаш наоѓаше начин да оди напред.

„Имаше трагедија и тешки моменти во мојот живот. Но, никогаш не им подлегнав. Бев издржлива цел живот“, вели таа во интервјуто на „Пипл“.

Режисерот на филмот „Book Club: The Next Chapter“, Бил Холдерман ја опишува Фонда како „сила“, раскажувајќи за едно утро во Италија кога повеќето од актерската екипа сè уште спиеле на нивниот слободен ден, освен Фонда, која станала во 6:00 часот сама да пешачи низ градот.

Фото: Instagram/ Jane Fonda

Актерката и активистка, која неодамна мобилизираше илјадници луѓе да преземат акција за заштита на климата преку нејзините петочни вежби за пожар, исто така работи напорно на фондацијата „Џејн Фонда“. Преку оваа фондација ги поддржува учесниците кои се залагаат за заштита на климата. Кога не работи, Фонда сака да поминува време со нејзините три внуци, да оди на планинарење и да го гледа „Curb Your Enthusiasm“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот