Џафери: Експресниот пат Крива Паланка- Ранковце е значајна патна артерија од Коридорот 8

Техничкиот премиер Талат Џафери, денеска изврши увид на изградбата на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка, којшто е значајна патна артерија од Коридорот 8.

Изградбата е поделена во две делници: Длабочица – Чатал со должина од 15,5 километри и ширина од 12,5 метри, и Крива Паланка – Длабочица со должина од 10 км и ширина на коловозот од 11,4 метри. Моменталната реализација на првата делница е 70% и 87% на втората, а патот се очекува да се заврши до мај годинава.

„Од ова што го видовме на терен, задоволни сме од динамиката, квалитетот и од сѐ она што е изведено досега. Очекувам во соодветен рок патот да биде завршен. Делницата во другиот дел, како што ме информираа од ЈПДП и министерството е во понапредна фаза, но очекувам до крајниот рок да бидат завршени работите“, изјави премиерот Џафери.

Со изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка, соопштуваат од Владата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот