Двојно зголемен бројот на починати од коронавирус во САД во однос на претходните денови

Фото: Профимедиа

Во изминатите 24 часа во САД од коронавирусот починале 2.494 лица, што значи дека бројот на починати повторно порасна, информираат од Универзитетот Џонс Хопкинс, пренесува Н1.

Во петокот беа забележани 1.258 смртни случаи, што беше најнизок број во речиси три недели.

САД се држава со најголем број на смртни случаи од коронавирусот со вкупно 53.511 смртни случаи и 936.293 заболени, според податоците на тој универзитет со седиште во Балтимор.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп првпат по месец дена не одржа прес-конференција во Белата куќа.

– За што служат конференциите за новинарите во Белата куќа кога медиумите се оринетирани да поставуваат непријателски прашања и потоа одбиваат да ја кажат вистината или точните факти. Имаат рекордни конференции, а американскиот народ нема ништо освен лажни вести. Затоа не заслужува да се трудам, напиша Трамп на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот