Две пријави за еден инцидент: Скопјанка пријавила дека била нападната, пријавениот дека бил удрен со возило

Фото: МВР

34-годишна жена од Скопје во полиција вчера пријавила дека била физички нападната од 48-годишен човек.

„На 11.07.2023 во 19.26 часот во СВР Скопје, Н.А.(34) од Скопје пријавила дека околу 15.20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходни недоразбирања, била физички нападната од Т.Т.(48) од Скопје“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

48 годишниот скопјанец во полиција пријавил дека таа го удрила со автомобил во нозете и го повлекла со возилото.

„На 12.07.2023 во 19.26 часот Т.Т. пријавил дека на 11.07.2023 околу 15.20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. додека управувала патничко возило, го удрила во пределот на нозете и го повлекла со возилото“, се додава во соопштението а МВР.

Од полицијата велат дека ќе следуваат соодветни поднесоци, а се работи на целосно расветлување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот