Две лица лишени од слобода во Тетово, пренесувале марихуана

Фото: МИА

Единицата за недозволена трговија со дрога при МВР денеска лиши од слобода двајца државјани на Албанија, 64-годишниот А.Н. и 56-годишниот Ф.Т.

На наплатната станица Тетово полицијата сопрела патничко возило „мерцедес“ со албанска национална ознака, управувано од А.Н., во кое сопатник бил Ф.Т.

Поради постоење на сомнение дека со возилото се пренесува дрога во координација со Мобилен тим од Царинската управа извршен е претрес на возилото, при што е употребено и царинско куче. При претресот, во резервна гума во багажниот простор на возилото пронајдени се три пакувања со марихуана, во количина од околу три килограми со вкупна вредност од 10 илјади евра. Лицата се приведени во полициска станица и од страна на СВР Тетово по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена кривична пријава до обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот