Двајца скопјани украделе злато, лаптопи, бела техника од семејна куќа во Идризово

Златен накит / Фото: Профимедиа

Полицијата приведе двајца крадци осомничени дека во повеќе наврати краделе од куќа во скопско Идризово.

Според информациите на МВР,  денеска полицијата ги привела В. А. (29) од Скопско и С. Ш. (21) од Скопско поради извршено кривично дело тешка кражба во периодот од 20 до 27 ноември во куќа во село Идризово, каде што во повеќе наврати украле бела техника, златен накит, телевизори, лаптопи и други предмети.

Украдените предмети биле пронајдени, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава против осомничните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот