Двајца рудари затрупани во рудник во Јужна Кореја преживеале девет дена со помош на инстант кафе

Рудник / Фото EPA-EFE/Brais Lorenzo

Двајца рудари кои поминаа девет де на заробени во урнатиот рудник за цинк во Јужна Кореја, беа спасени и преживеаја благодарение на инстант кафе.
Мажите на возраст од 62 и 56 години се стоплиле така што палеле оган и направиле шатор од пластика.

Тие се спасени доцна синоќа и хоспитализирани. Би-Би-Си пренесува дека се во стабила здравствена состојба.

Властите соопштија дека рударите преживеале пиејќи вода што капела од таванот и користеле инстант кафе за оброци.

Тие останаа заробени на речиси 200 метри под земја, откако на 26 октомври се урна дел од рудникот за цинк во кој работеа во Бонгва, на истокот на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот