Двајца прилепчани осомничени за кражба на огревни дрва

Дрва за огрев / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Полициски службеници привеле двајца прилепчани, кои управувале со две запрежни возила натоварени со огревни дрва, за што не поседувале документи.

– Вчера во 14 часот на патот за село Оревоец, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп пронашле огревни дрва без документи натоварени на две запрежни возила, кои ги управувале С.Ш. (27) и Е.А. (33) од Прилеп. Лицата биле приведени во полициска станица, а дрвата и возилата биле предадени на Шумска полиција Прилеп за понатамошна постапка, посочуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот