Двајца македонски и двајца српски државјани уапсени во Солун со украдено злато, накит и 15.000 евра

Фото: МИА

Осум златни прачки, накит и сума од 15.000 евра открила грчката полицијата кај четворица странци кои биле уапсени во Солун.

Станува збор за двајца Срби на возраст 37 години и двајца државјани на Северна Македонија (72 и 36 години), против кои е поднесена кривична пријава за прифажање и располагање со приноси од казниво дело, бидејќи не можеле да го оправдаат нивното легално поседување.

Горенаведените вредни предмети биле лоцирани во два автомобили, во кои се возеле со странски регистарски таблички.

Полициски екипи на велосипеди ги запреле возилата за проверка во кругот на Старата железничка станица во Солун, а потоа биле спроведени во Подирекцијата за борба против организиран криминал во Солун, каде што биле уапсени.

Во тек се увиди за да се утврди потеклото на златните прачки и накитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот