Два подиуми на македонските триатлонци во Пловдив

Иво-Јован Димовски беше прв во генерален пласман/Фото: facebook.com/triogyracingmkd

Два подиуми освоија македонските натпреварувачи на отворениот триатлон куп кој се одржа во Пловдив, Бугарија.

Иво-Јован Димовски беше прв во генерален пласман, а Александар Хаџиандов втор помеѓу кадетите. На натпреварот настапија вкупно 11 триатлонци од клубот „Триоги“ од Скопје.

Ова е продолжување на добрите резултати на нашата земја на меѓународната триатлон сцена.

Претходно во четвртото коло од Хрватската лига во Сплит, настапија шест претставници од клубовите Триоги и Софка, а Иво-Јован Димовски се избори со сериозната конкуренција и застана на третото место на интернационалниот подиум.

На интернационалниот триатлон натпревар во Русе, Бугарија настапија четворица претставници на клубот Три Дисциплинс. Најмалите Јован Кутаноски и Виктор Опетчески (родени 2014та год.) ги земаа деветтото и 12 место во категоријата 2011-та и постари, и првото и второто место во категоријата 2013-та и постари. Во женска конкуренција Тија Кукунешоска (2010 год.) и Олса Орани (2007 год.) дојдоа до шестите места во своите категории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот