Два милиона Турци наеднаш ќе одат во пензија пред избори, Ердоган ја укина старосната граница

Реџеп Таип Ердоган/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го укина условот за старосна граница за пензионирање, што ќе им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.

Одлуката е донесена на помалку од шест месеци пред изборите во Турција.

Старосната граница за пензионирање досега беше 58 години за жени и 60 за мажи. Сега е нејасно колку ќе ја чини турската држава новиот систем. Но, Ердоган рече дека 2,25 милиони луѓе имаат право веднаш да се пензионираат. Во моментов во Турција има 13,9 милиони пензионери.

Потегот се гледа како уште еден предизборен маневар на долгогодишниот турски претседател.

Владејачката Партија на правдата и развојот на Ердоган минатата недела ја зголеми минималната плата во земјата, во очигледен обид да се освојат симпатиите кај гласачите погодени од високата инфлација, падот на турската лира и генералното влошување на животниот стандард. Во исто време, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој се гледаше како можен силен противкандидат на Ердоган на следните избори, беше осуден на затворска казна за „навреда на државни службеници“, што беше протолкувано како уште еден „низок удар“ на власта на Ердоган врз опозицијата.

Клучните избори за Ердоган ќе се одржат во јуни следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот