Дурум пченицата поскапува, „црно им се пишува“ на љубителите на макарони

Пченица/ Фото: МИА

Тврдата пченица повторно поскапе бидејќи сушата ги намали приносите во ЕУ и Северна Африка. Ова е лоша вест за производителите на тестенини, но и за потрошувачите кои негодуваат поради високите цени на шпагетите, макароните и другите тестенини.

Дополнителен удар за оваа индустрија се неофицијалните најави дека Русија може да го забрани извозот на тврда пченица од 1 декември 2023 година. Како што пренесува „Агроинфонет“, производителите на тестенини биле во лоша позиција, бидејќи родот тврда пченица пропаднал во Европската унија. Делумен спас донесе увозот на таа пченица од Турција и Русија. Турција продаде 366.000 тони, а Русија 278.000 тони – до 23 октомври 2023 година. Како што се наведува, сега има препорака до руската влада да го забрани извозот на тврдата пченица на шест месеци од 1 декември.

Цврстата или тврда пченица се користи за подготовка на разни тестенини, гриз, кускус и други производи. Во јуни годинава беше објавено дека поскапувањето на тестенините во Италија, која држи четвртина од светското производство, доведува до зголемување на цената на оваа храна и во другите земји во светот каде тоа е главниот извозник. Во тој период килограм тестенини во Италија во просек надминуваше две евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот