ДУИ: Општина Тетово врши политички притисоци во образованието

Советничката група на ДУИ при Општина Тетово на пресс конференција обвини дека Општина Тетово врши политички притисоци во тетовските училишта. Според неа, локалната власт образованието го гледа како сфера за пазарење.

„Најдобар доказ за ова што го кажуваме е неодамнешниот настан со поранешниот директор на Основното училиште „Истигбал“ Зија Адеми кој за дел од медиумите потврди дека поднел оставка поради голем политички притисок од преставниците на Општина Тетово. Јавно го прашуваме градоначалникот на Општина Тетово во кое својство е ангажиран Седат Сулејмани како раководител на инспектор или како човек кој врши притисок врз просветните работници, рече Сали Елмази советник од советничка група на ДУИ при Општина Тетово.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами ги отфрли обвунувањата.

„Да има основ за тоа што го кажуваат тие досега ќе постапеа имајќи предвид дека во гимназијата ми ги одзедоа ингеренциите, да сакаа и сега ќе го стореа истото, иако во случајот со гимназијата каде имаше проблеми мене незаконски ми ги зедоа ингеренциите, рече градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

Инаку вчера Секторот за јавни дејности при Општина Тетово излегоа со реакција на како што велат одлуката на Министерството за образование и наука околу намалувањете на блок дотациите за тетовските основни училишта.

Општина Тетово: Доведен е во прашање наставниот процес, Владата одлучи да ги намали блок дотациите за основните училишта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот