ДУИ: Не го копираме СДСМ

ДУИ не го копира СДСМ со промените на партиско ниво. Според оваа партија, претседателите на ограноците не биле разрешени, туку имале истечен мандат и тоа веќе една година пренесува Алсат. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, вели дека реорганизирањето во партијата се случува во согласност со статутот.

„Не затоа што статутот утврдил дека конгресот треба да се одржи на овој датум и тоа повеќе не може да се одложува бидејќи реално партиските тела се наоѓаат во фаза на вршители на должности. Мандатот на претседателите на ограноците истече во ноември минатата година, Централното раководство одлучи да назначи координатор за секој огранок да започне со организирање на изборите, од локалните совети, до собранието на ограноците и претседателите на ограноците. Координаторот во овој период ќе биде контакт точката помеѓу центарот и огранокот, но нема да имаат право да се кандидираат“, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот