ДУИ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Левица дека намерно блокираат над 500 милиони евра за проекти во интерес на граѓаните

Политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица активно и намерно блокираат над 500 милиони евра наменети за проекти во интерес на граѓаните од страна на европските финансиски институции, обвинуваат од ДУИ.

Според ДУИ, коалициската блокада на опозицијата е антиЕвропска, антиНАТО и антиАмериканска.

-Да повториме: Финансиските импликации од блокирањето на законот за ДДВ се 40 милиони евра, за законот за данок на добивка се 20 милиони евра, за данокот на солидарност 80 милиони евра, како и блокирањето на финансиските закони за задолжувања, 100 милиони евра од европската инвестициска банка за развојни кредити за стопанството со поволни услови и други 100 милиони од ЕБРД за ЕСМ, над 150 милиони евра за коридорите 8 и 10 – Д, додека од даночните законите зависат и уште вкупно 260 милиони евра од ЕУ и ММФ, дополнително уште стотици милиони евра за железницата на коридорот 8, се вели во соопштението од политичката партија.

Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ работеле активно и против Преспанскиот договор и членството во НАТО, а не го поддржале ниту референдумот.

ДУИ ги поддржува петте закони во Собрание и активно ќе работи на нивно усвојување за побрза и поевтина изградба на автопатиштата. ДУИ исто така се залага за уставни измени и продолжување на европскиот пат на земјата преку национален консензус и општествено помирување. ВМРО и Левица се извор на лажни вести и пропаганда. Никаде во законот за работни односи не се споменува 60 часа работно време, потенцираат од партијата.

Тие велата дека сите досегашни тврдења на опозициските партии се потврдиле како лажни и оти ДУИ нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја чинат државата и граѓаните над 150 милиони евра поскапа изградба и над две години по долга изградба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот