Државата ќе дава субвенции само за вработените со плата до 15.200

Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Субвенционирањето на придонесите поради зголемената минимална плата нема да го користат сите работодавачи. По 1.197 денари субвенција од државниот буџет за придонеси ќе добијат околу 62 илјади вработени, кои според податоците на Управата за јавни приходи земаат плата до 15.200 денари, пишува Денар.

„Во месец декември 2021 година на 62.009 вработени им е исплатена плата до 15.200 денари, додека на 109.619 вработени им е исплатена плата од 15.201 до 18.000 денари“, се вели во соопштението од Управата за јавни приходи.

На повеќе од 100 илјади вработени кои им се исплаќа плата до 18 илјади денари работодавачите нема да можат да користат субвенција од државата, туку ќе треба сами да ги плаќаат придонесите за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување.

Сите работодавачи кои исплаќаат плати повеќе од 15.201 до 18 илјади денари ќе можат да аплицираат за субвенции на придонеси поради зголемена нето плата од 600 до 6.000 денари. Ова законско решение е донесено во 2019 и работодавачите може да аплицираат најдоцна до 31 октомври 2022 година.

Работодовачите сепак ќе можат да користат помош од државата, но не според измените во Законот за минимална плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот