Дресел златен на 100 метри слободно, светски рекорд на женската кинеска штафета

EPA-EFE/NIC BOTHMA

Кејлеб Дресел е олимписки шампион на 100 метри слободно, а покрај него златни медали освоија и сонародникот Роберрт Финк на 800 м етри слободно, австралискиот пливач Исак Стаблети Кок на 200 метри градно, Кинеската Јуфеи Жанг како и женската кинеска штафета на 4х200 метри слободно во петтиот ден од пливачките настани на Олимписките гри во Токио.

Американецот Кејлеб Дресел во финалната трка на 100 метри слободно успеа да го оправда епитетот на главен фаворит за златото. На 50 метри имаше време од 22.39 секунди, а веднаш зад него беше Русинот Климент Колесников. Во втората половина од трката се закани и шампионот од Рио де Жанеиро, Кајл Чалмерс од Австралија кој речиси се израмни со Дресел, но Американецот имаше подобар финиш. На крајот, Дресел славеше со време од 47.02 секунди, додека Чалмерс имаше време од 47.08 секунди, а третиот Колесникот 47.44 секунди.

Изненадувањето на денот го приреди женската штафета на Кина на 4х200 метри слободно во состав Јанг, Танг, Жанг и Ли кои испливаа феноменално и го освоија златниот медал со време на светски рекорд. Кинеските пливачки триумфираа со време од 7:40.33 минути, Кејти Ледецки во последната измена успеа на САД да и го обезбеди сребрениот медал (7:40.73 минути), додека апсолутниот фаворит, штафетата на Австралија заврши на третото место (7:41.29 минути) .

Олимпискиот шампион на 1.500 метри, Палтриниери одлично ја започна финалната трка на 800 метри имаше предност од речиси две должини на телото, но како се ближеше крајот на трката така се топеше и предноста. Украинецот Романчук и Германецот Велброк на 100 метри до крајот на трката се приближија на половина секунда заостаток. Кога се очекуваше борба меѓу тројцата фаворирит, во последните 50 метри се појави Американецот Финк кој исплива неверојатни 26.39 секунди и успеа да ги изненади фаворитите и да го освои златниот медал. Финк славеше со време од 7:41.87 минути, Палтриниери го освои среброто со време од 7:42.11, а Романчук бронзата со 7:42.33 минути.

Во финалето на трката на 200 метри градно имаше идентичен почеток како и на трката на 800 метри. Арно Каминга одлично стартуваше, на половина од трката имаше две секунди предност и време на нов светски рекорд. Неговиот ритам се обидуваше да го следи Финецот Мати Матсон, но во последното свртување австралискиот пливач Стаблети Кок го засили ритамот, успеа да ги престигне двајцата пливачи и да триумфира со време на нов олимписки рекорд од 2:06.36 минути.
Каминга го освои сребрениот медал, додека Матсон го освои бронзениот медал.


Кинеската Јуфеи Жанг на доминантен начин триумфира на финалната трка на 200 метри пеперутка. Таа водеше од почетокот па до крајот на трката и воопшто не им даде шанса на противничките да ја загрозат и на крајот триумфира со 2:03.86 минути што претставува нов олимписки рекорд. Веднаш зад неа се пласираа Американките Реган Смит и Хали Фликингер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот