Драстично зголемување на потрошувачката на струја во Косово

Далновод / Фото: EPA

Расте потрошувачката на струја Косово. Само во јуни годинава потрошена е струја за 5 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Агенцијата за статистика на Косово (АСК) соопштува дека во текот на месец јуни, расположливата бруто електрична енергија изнесувала 454,79 GWh, додека потрошувачката на електрична енергија била 340,75 GWh или за 4,73% поголема во однос на истиот месец од претходната година. Учеството на алтернативната електрична енергија во вкупната потрошувачка изнесува 19,6%.

Во извештајот „Енергетска статистика“ за месец јуни 2023 година на АСК, се наведува и дека производството на јаглен е околу 4,89 илјади тони или за 17,43% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот