ВИДЕО | Драма во „Ланксес Арена“: Магдебург на пенали ја елиминираше Барселона!

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Првиот патник во финалето на овогодинешниот фајнл-фор во Лигата на шампионите беше одлучен по изведувањето на пенали откако во регуларниот дел Магдебург и Барселона одиграа 31:31. Навивачите во „Ланксес Арена“ беа сведоци на вистинска драма и еден пенал рулет полн со промашувања.

Барселона беше за нијанса подобра во првото полувреме и имаше предност во најголем дел од првите 30 минути. Магдебург водеше на двапати само со 7:6 и 8:7. Барселона за првпат имаше два разлика во 19-тата минута, а потоа и со голот на Дика Мем дојде до 15:18, сепак Германците се изборија 16:18 на пауза.

Одлично стартуваа Каталонците во вториот дел и со два гола дојдоа до највисоки плус четири, но тука како да застанаа. Следуваше една серија на германскиот тим со 6:1 и за првпат на мечот имаа два гола предност (24:22).

Барселона не дозволи посериозно да се „одлепи“ противникот, па се врати на 25:25. Во последните моменти беа и во водство. Последните секунди од регуларниот дел беа драматични. Смит израмни на 31:31, а Барса беше блиску и во неколкуте секунди кои останаа да даде гол за победа, но Германците се извлекоа.

Неизвесната битка продолжи и по продолженијата (две по пет минути). На крајот и тука немаше победник (35:35).

Во пенал серијата дури четворица ракометари на Барселона не реализира, па доволни беа двата гола на германскиот тим за пласман во големото финале. За место во финалето во второто полуфинале ќе се борат ПСЖ и Кјелце од 18:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот