Драма во Босна: Убиено дете, убиецот држи заложник и фрла бомби кон полицијата

Полицајци во Босна / фото: профимедиа

Крвава драма се случува вечерва во село во близина на босанското гратче Фоча, каде човек, кој според медиумите е душевно болен, убил десетгодишно дете, по што зел заложник во селото и се забарикадирал во куќа, од каде пука и фрла бомби кон полицијата.

Според извештаите, осомничениот, чии иницијали се Б.Т., со истрели од огнено оружје го убил детето во автомобил на патот кон селото Заваит, по што се сокрил во селото Челебиќи. Двете села се блокирани од полицијата, која трагала по убиецот, пред да го опколи во една куќа, каде тој наводно држи како заложник повозрасен жител на Челебиќи.

Според извори од полицијата, осомничениот пукал кон полицајците и фрлил неколку бомби кон нив.

Околу 50 полицајци се распоредени во реонот, а блокиран е и блискиот патен правец кој Пљевља, пишуваат босанските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот