Драма во Сиднеј: Полицијата бара питони по улици, фрлени во бес од поранешното момче на сопственичката

Змија/ Фото Архива на Слободен печат

Исчезнувањето го пријавила сопственичката на змиите во полиција, која против мажот поднела кривична пријава.

Австралиската полиција соопшти дека поднела кривична пријава против лице осомничено дека ослободило два питона во станбена област во Сиднеј.

Питоните, домашни миленици долги 2,5 метри, избегале откако маж ги однел од безбедно ограден простор и ги фрлил во кутија пред една зграда на 21 октомври, што е поврзано со „инцидент во семејството“.

Исчезнувањето на питоните во полиција го пријавила 25-годишна сопственичка на змиите, која против мажот поднела пријава за оштетување на имотот, а тој денеска треба да се појави пред суд.

Според веб-страницата „Гардијан Австралија“, жителите на Сиднеј ги пребаруваат улиците на градот за да се обидат да ги пронајдат питоните по име Манго и Багел, кои во бес ги фрлил човек кој е поранешно момче на сопственичката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот