Драма пред полетување, на патниците почнале да им стигнуваат слики од авионски несреќи

Аеродром Турција/ Фото EPA-EFE/STR

Пилотот на турскиот авион на компанијата АнадолуЏет го прекина полетувањето на главниот аеродром во Израел откако патниците добија слики од авионска несреќа на нивните телефони, пишува Би-Би-Си.

Од авиокомпанијата соопштија дека авионот се движел на аеродромот Бен Гурион кога се случил инцидентот.

Патниците и екипажот биле евакуирани, а сите багажи повторно прегледани.

Неколку млади Израелци беа идентификувани како осомничени, по што полицијата ги приведе. Авионот тргнал со пет часа задоцнување откако бил одобрен да замине.

Авионот „Боинг 737“ на „Анадолу Џет“, со 160 патници, бил подготвен за полетување кога патниците го известиле екипажот дека добиле вознемирувачки фотографии. Пилотот бил информиран и решил да се врати на терминалот.

Хебрејскиот информативен сајт Ynet објави дека сликите биле споделени преку AirDrop, услуга на Епл која им овозможува на корисниците да испраќаат датотеки од еден уред на Епл на друг на кратки растојанија.

Сликите биле од авион на Туркиш ерлајнс кој се урнал во Холандија во 2009 година и уште една авионска несреќа во САД во 2013 година, соопшти Ynet.

На патниците им било кажано дека можат повторно да се качат на повторно прегледаниот авион, кој се упатил кон Истанбул, или да останат во Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот