Доживотен затвор за разузнавачот на Башар Ал Асад : Германскиот суд го осуди за убиства и мачење опозиционери

Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Поранешен сириски полицаец е осуден на доживотен затвор во Германија, откако беше прогласен за виновен за злосторства против човештвото, што е прво вакво судење во светот поврзано со злоупотребите извршени од режимот на Башар ал Асад.

Анвар Раслан (58), поранешен полковник кој избега од Сирија пред 10 години, беше вклучен во убиството на десетици луѓе и мачењето илјадници во притворен центар во близина на Дамаск.

Судската одлука во Германија е првиот чекор кон правдата за безброј Сиријци кои претрпеа злоставување од страна на сириската влада.

Во меѓувреме, во Франкфурт треба да започне уште едно судење поврзано со сирискиот режим, лекар кој побарал засолниште во Германија.

Речиси 11 години по почетокот на народното востание во Сирија, судењето во Кобленц е првпат судот да ги испита злосторствата што му се припишуваат на сирискиот режим, а кои се документирани безброј пати од сириски активисти и невладини организации.

Адвокатите на Анвар Раслан минатата недела побараа од судот да го ослободи нивниот клиент, тврдејќи дека тој никогаш лично никого не мачел и дека побегнал кон крајот на 2012 година.

Во притвор во последните три години, Раслан никогаш не се обиде да го скрие своето минато кога побара засолниште во Берлин со своето семејство во 2014 година.

Околу 800.000 Сиријци побарале засолниште во Германија од почетокот на војната, вклучувајќи ги Раслан и Ал Гариб, кои беа уапсени во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот