Доживотен затвор за четири припадници на претседателска гарда за неуспешниот воен удар во Турција

Архива

Судот во Анкара осуди на доживотен затвор четири поранешни припадници на претседателската гарда поради учество во неуспешниот воен удар во 2016 година против претседателот Реџеп Тајип Ердоган, јави турската новинска агенција Анадолија.

Осудените се помеѓу 497 осомничени. Тие се прогласени за виновни по повеќе точки, вклучително и обид за уривање на уставниот поредок и обид за убиство на претседателот на Турција.

Тие се обвинети дека извршиле рација во Турската радио телевизија (ТРТ) и ги принудиле новинарите да емитуваат соопштение за пучистите и дека е нападнато седиштето на Генералштабот на турската армија.

Во обидот за пуч на 15 јули 2016 година загинаа 2458 луѓе. По неуспешниот воен удар илјадници луѓе се уапсени и осудени поради поврзаност со движењето на Ѓулен. А повеќе од 100.000 луѓе добиле отказ од јавните служби поради слични обвиненија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот