Досетливи Грци го користат коронавирусот за измама: Мета им се повозрасни луѓе

Измамниците тврделе дека се задолжени за информирање или пак за дезинфекција на становите, само за да влезат во становите.

Лица, кои се претставуваат како службеници од Националната организација за јавно здравје на Грција или од Министерство за здравство и тврдат дека информираат за коронавирусот, според пријавите стигнати до грчката полиција, се обидуваат да измамат граѓани, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштуваат дека, по добиените пријави, има случаи кога лица посетуваат домови и тврдат дека се задолжени за информирање за коронавирусот или делат конкретни летоци со информации.

-Согласно информациите од Министерството за здравство, не постојат претставници на службите на министерството или на здравствената организација кои ги посетуваат домови за таков вид на информирање. Очигледно е дека станува збор за обид за измама и во случај да се препознае таков случај, се молат граѓаните се бара веднаш да ја известат полицијата, соопштуваат од грчката полиција.

Според медиумите во Грција, веќе имало неколку случаи кога измамниците тврделе дека се задолжени за информирање или пак за дезинфекција на становите, само за да влезат во становите, а најчесто на мета биле постари лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот