Домот на Манчестер Јунајтед распродаден за гостувањето на Македонија

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Во понеделник, Македонија ќе гостува на Англија во квалификациите за Европското првенство 2024 година, а од англиската федерација соопштија дека билети за овој натпревар повеќе нема.

Избраниците на Благоја Милевски ќе гостуваат пред 74.300 гледачи колку што е капацитетот на домот на Манчестер Јунајтед.

Англија одлично ги стартуваше квалификациите и тие се лидери во нашата група, а секогаш имаат и одлична поддршка од трибините, па така ќе биде и сега. За Македонија ова ќе биде трето гостување, а интересно е што на претходните две ремизиравме 0:0 и 2:2.

Фото: ФА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот