Домагој Вида вечерва против Турција играл со позитивен тест на корона

epa07175610 Croatia's Domagoj Vida reacts after the UEFA Nations League soccer match between England and Croatia in London, Britain, 18 November 2018. EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Хрватскиот репрезентативец Домагој Вида бил позитивен на коронавирус за време на пријателскиот натпревар кој денеска е одигран во Истанбул.

Откако во понеделникот сите репрезентативци биле негативни на задолжителното тестирање на коронаврус, утринава било извршено тестирање пред претстојните натпревари од Лигата на нации во таборот на Хрватска.
Службените резултати од тестовите, фудбалската федерација на Хрватска ги добила вечерва по одигрувањето на натпреварот со Турција и се покажало дека Вида и позитивен на ковид-19.


Но, лекарскиот тим на хрватската репрезентација добил информација на крајот од одморот помеѓу двете полувремиња дека имаат потенцијално еден позитивен резултат и тоа тестот на Домагој Вида.

Бидејќи селекторот Златко Далиќ веќе донел одлука да го замени Вида на полувремето, фудбалерот веднаш е изолиран и тој во наредните денови ќе остане во изолација во Истанбул, додека хрватската репрезентација ќе отпатува за Стокхолм каде ќе игра против Шведска во Лигата на нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот