Доли Партон тајно снимила песна: Нема да ја слушнеме до 2045 година!

Instagram
Instagram

Доли Партон, легендата на кантри музиката, во тајност снимила песна која е запечатена во „временска капсула“, односно дрвена кутија која е заклучена на имотот на пејачката.

Во нејзината книга „Мојот живот во стихови“ Партон открила дека сите вработени на имотот се добро упатени во тоа дека кутијата не смее да се допира, а имаат инструкции кога треба да ја отворат, односно дури во 2045 година!

Менаџерот ми рече дека дотогаш ќе бидам почината. Сепак, јас му одговорив дека може и нема. Ќе имам 99 години, а сум гледала и постари луѓе. Ако бидам жива тогаш, сигурно ќе присуствувам на отворањеро на кутијата“, ја пренесуваат изјавата на Доли партон странските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот