Доктор Кристијан Ристовски: Бев лице со посебни потреби, знам што значи подадена рака

Фото: Приватна архива

Неговата ординација се наоѓа во скопско Бардовци, отворена е за секого кому му е потребна помош, посебно на оние кон кои треба да се пристапи поинаку. Доктор Кристијан Ристовски едноставно другарува со децата со посебни потреби, разговара со нив, пие сок, игра игри, затоа тие го доживуваат како другар, пријател, близок човек. Некои го нарекуваат чичко доктор, други, пак, го викаат бато, батко доктор…

приватна архива

– Децата со попреченост се приказна полна со љубов – вели д-р Ристовски – ниедна ситуација во животот не е безизлезна. Љубовта кон дефектолошката стоматологија се јави кај мене уште од школските денови. Во основно одделение имав прилика да делам клупа со лице со даунов синдром, се викаше Димитар. Тие мигови сватив дека можам да остварам добра комуникација со тие лица – ни раскажа д-р Ристовски.

Кристијан на 17-годишна возраст имал тешка сообраќајна несреќа. Поради тешките повреди, бил во кома, а кога се разбудил, имал целосна амнезија, го загубил говорот…

– Две недели бев во кома, а 98% од лекарските прогнози беа дека нема да се разбудам. Кога се разбудив, не знаев да зборувам, пелтечев. Тогаш не можев да ги извршувам обврските кои што моите соученици ги правеа со леснотија. Технички тоа ме направи лице со попреченост. Се најдов на нивната страна, го согледав светот од нивна перспектива, тогаш вистински почувствував како е да се биде и како да им се помогне на лицата со посебни потреби – вели д-р Кристијан.

Имал среќа да се најде во опкружување кое му пружило голема поддршка, помош и разбирање.

– И наставниците и другарчињата ми помагаа со учење, со книгите, со задачите. Кога во училиште ми се слошуваше, кога не можев нешто сам да направам, сите беа тука… Ниту еден од нив никогаш не ми се потсмеваше, ниту се шегуваше на сметка на мојата здравствена состојба…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот