Доколку сакаат да играат сите фудбалери во Серија А мора да се вакцинираат 

Интер и Јувентус играат за трофејот во италијанскиот Суперкуп/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Италијанската влада донесе нови сет на мерки во борбата за спречување на ширењето на омикрон варијантата и им наложи на сите фудбалери во Серија А да се вакцинираат.

Весникот „Газета дело Спорт“ пишува дека секој фудбалер кој сака да настапи на официјален натпревар во Серија А и во пониските лиги, мора да биде вакциниран.

Новите мерки кои ги донесе владата ќе се одразат и на навивачите и капацитетите на стадионите ќе се намалат од 75% на 50% кога ќе заврши паузата поради бижиќните и новогодишните празници на 6 јануари.

Според информациите на италијанските медиуми, дури 98 отсто од фудбалерите кои настапуваат во Серија А имаат примено две вакцини против коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот