Докажано: Ефикасна стратегија за намалување на времетраењето и интензитетот на вирусните инфекции

Ge 132+ Natural
Ge 132+ Natural / Фото: Промо

Периодов, едно од најпоставуваните прашања беше како човечкиот организам да се бори со вирусните инфекции.

Антиоксиданси или антибиотици беше дилемата кај многу доктори во процесот на лечење на пациентите за време на пандемијата.

Мултидисциплинарен истражувачки тим од Клиника за инфективни болести и фебрилини состојби, Институт за имунобиологија и хумана генетика и Институт за претклиничка и клиничка фармакологија од Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ изработи „ин виво“ научно истражувачка студија насловена „Антиоксидантски и анти-инфламанторни ефекти од користење на Ge 132+ Natural при вирусни инфекции“, а за модел беше користен вирусот на САРС Ков 2..

Опсервациската студија беше спроведена од ноември 2021 до февруари 2022 година, со цел да се утврди ефектот на Ge 132+ Natural врз стрес маркерите и инфламаторните цитокини IL 6, IL 8 и TNF-a на над 30 заразени пациенти со средно тешка клиничка слика, а контролната група од 15 пациенти со иста клиничка слика не беа третирани со препаратот.

Лабораториските тестови кај пациентите заразени од вирусот Ковид 19, покажаа абнормалности поврзани со т.н. цитокинска бура, која се презентира со зголемени вредности на CRP, фертилин, брадикинин, интерферон гама, тумор некротички фактор, интерлеукини 6 и 8 и висок сооднос на NLR и енормен пад на железото во крвта. Цитокинската бура доведува до хиперкоагулација на малите крвни садови што доведува до оштетување на ткивото како и системското откажување на виталните органи. Оваа состојба е придружена со зголемено ниво на системски оксидативен стрес OSI кој е тригер-фактор за многу хронични болести.

По завршувањето на третманот со антиоксидантот Ge 132+ Natural резултатите покажаа дека се намалуваат индексот на оксидативниот стрес, OSI, за два пати, а параметрите на инфламација, осносно воспалителните процеси, IL 6 и IL8, за 3 до шест пати.

Презентираната студија покажа дека дневното користење на актиоксидантот Ge 132+ Natural во текот на вирусните инфекции, вклучително и Ковид 19 е ефикасна и потентна терапија која обезбедува редокс рамнотежа во организмот и го јакне имунолошкиот систем, особено кај пациенти со хронични болести како дијабет, кардиоваскуларни и белодробни заболувања и кај оние со најтешки дијгнози кои се под константен системски оксидативен стрес.

Етичкиот комитет на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј – Скопје“ ја одобри оваа студија под број No 03-4731/6.

 

*Комерцијален текст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот