Додека светот се фокусира на Тајван, на Кина ѝ се заканува посериозен проблем

Кина и Индија конфликт илустрација/ Фото Архива на Слободен Печат

Зголемената воена активност на Кина во Тајванското Море можеби беше во центарот на вниманието во последните недели, но илјадници километри западно од сето тоа, изгледа дека ќе избие уште еден жежок спор што се наоѓа околу границите на земјата. Пред само 16 месеци, кинеските и индиските војници водеа смртоносна битка на Хималаите долж Линијата на вистинска контрола (ЛАК), лошо дефинираната де факто граница помеѓу двете нуклеарни сили.  

Сега се чини дека тензиите повторно растат. Според непроверени извештаи, на оваа граница воените позиции биле зајакнати во изминатиов период, а разговорите за олабавување на ситуацијата се чини дека се во ќорсокак. 

Во 1962-ра година, Индија и Кина влегле во војна за далечните, негостопримливи погранични области високо во планините, а на крајот бил  воспоставен ЛАК. 

Но, двете земји не се согласуваат за нејзината прецизна локација и двете редовно се обвинуваат поради пречекорувањето или обидите за проширување на нејзината територија.  

Оттогаш, тие имаат серија претежно не-смртоносни конфликти околу граничната позиција, се до конфликтот во јуни 2020 година, најсмртоносниот во ЛАК по повеќе од 40 години. По таа битка, во која загинаа најмалку 20 индиски и четворица кинески војници, воените лидери разговараа лице во лице со цел да се намалат долготрајните тензии.  

Кинеска војска/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Тринаесеттиот од тие состаноци се одржа во неделата и не заврши добро

Претходните разговори постигнаа одреден напредок во смирувањето на ситуацијата на границата, но во соопштението на индиското Министерство за одбрана во понеделникот ја обвини Кина дека повеќе не соработува доволно.  

„Индиската страна посочи дека ситуацијата долж ЛАК е предизвикана од еднострани обиди на кинеската страна да го промени статус кво и ги крши билатералните договори. Затоа, индиската страна даде конструктивни предлози за решавање на преостанатите области, но кинеската страна не се согласи и исто така не даде предлози за во иднина“ се вели во соопштението.

Активисти на протестираат против Кина, палат кинески знамиња и фотографии со ликот на претседателот Си Џипинг / Бопал, Индија 16 јуни / Фото: EPA-EFE/SANJEEV GUPTA

Пекинг различно гледа на ситуацијата

„Кина направи големи напори за ублажувањето и заладувањето на состојбата на границата и ја покажа својата искреност за одржување на целокупната ситуација во односите меѓу двете армии. Меѓутоа, Индија продолжи да инсистира на неразумни и нереални барања, кои не водат никаде”, се наведува во изјавата на полковникот Лонг Шаоху, портпарол на Западната команда на Народноослободителната армија (ПЛА). 

Обемниот напис во кинескиот државен таблоид Глобал тајмс ја засили реториката, обвинувајќи ја Индија за „иницирање нови инциденти долж источниот дел на границата“.

По извештаите претходно оваа година дека е постигнат вистински напредок, вклучително и сателитски фотографии на кои се гледа како Кина ги демонтира граничните гарнизони, жариштето на Хималаите беше во голема мера досадно- се повеќе со оглед на неодамнешниот фокус на Тајван.

Ситуацијата повторно ескалира

Но, во изминатите неколку недели, индиските и кинеските медиуми објавија приказни за непроверени нови конфликти долж ЛАК, од кои сите, наводно, се решени мирно.

Глобал тајмс пишува дека непроверените средби ги затегнале односите долж границата

„Кинеските експерти предупредија на ризиците од нов конфликт, велејќи дека Кина не само што треба да одбие да се предаде на арогантните барања на Индија на преговарачката маса, туку и да биде подготвена да се брани од новата индиска воена агресија“, се вели во извештајот.  

Извештајот, исто така, ги наведе напорите на Кина да изгради инфраструктура во регионот, велејќи дека овие потези го зголемија моралот на војската и способноста да се преселат на жариштата по должината на ЛАК.  

Што се однесува до ситуацијата на границата меѓу Индија и Кина, кинеските државни медиуми нудат познат одговор. Исто како што одговорија на тензиите со Тајван, тие покажуваат прст кон САД.  

„Тие (Индија) гледаат дека Вашингтон придава големо значење на Њу Делхи, бидејќи американскиот претседател Џо Бајден често комуницира со индиската влада откако ја презеде функцијата и разговараше за плановите за спречување на растот на Кина“, рече Лин Минванг, професор на Институтот за меѓународни студии на Универзитетот Фудан, според извештајот на Глобал тајмс. 

Протести во Индија против Кина/ Фото EPA-EFE/SANJAY BAID

Самитот Квад ја влоши состојбата меѓу Кина и Индија

Индискиот премиер Нарендра Моди им се придружи на Бајден и на австралиските и јапонските премиери во Вашингтон минатиот месец на првиот состанок на четириаголниот безбедносен дијалог, попознат како Квад, неформален стратешки форум на четирите демократии со личен интерес да му се спротивстават на растот на Кина во Азија.  

Според негово мислење по завршувањето на Самитот Квад, Ли Хајдонг, професор на Институтот за меѓународни односи на Кинескиот универзитет за надворешни работи, напиша дека членовите на Квад „нема да престанат да ја зајакнуваат теоријата за закана за Кина“.  

Во услови на воздушен напад на ПЛА околу Тајван претходно овој месец, Глобал тајмс објави дека САД и Јапонија ја туркаат ситуацијата околу самоуправниот остров до работ, „создавајќи чувство на итност што може да предизвика војна во секој момент“.  

Можеби Тајван и Хималаите се оддалечени 4.500 километри и сосема различни средини, но во двата територијални спорови со Пекинг, се чини дека тензијата расте – и според Кина, САД се во центарот на двата конфликти. 

Средба на лидерите на Квад во Вашингтон/ Фото EPA-EFE/Sarahbeth Maney / POOL

Историски договор меѓу САД, Велика Британија и Австралија: Воен пакт за скротување на растечката моќ на Кина

Тензиите меѓу двете држави растат: Индија воведува повисоки царини за производите од Кина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот