Додека Србите чекаат пред вратите на ЕУ, Хрватите им го зедоа Никола Тесла како национален симбол на евромонетите

Фото: 123rf/EPA-EFE

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прес конференција откри кои мотиви се одбрани да бидат на хрватските евро монети.

-Секоја земја има можност на едната страна од монетата да има некој национален мотив. Искристализирани се следните предлози: Мотив ќе биде шаховницата и тоа на сите монети, потоа картата на Хрватска, куната, Никола Тесла и глаголицата.

Според него, шаховницата ќе биде подлога, а потоа картата на Хрватска ќе ја има на монетата од две евра, куната на 1 евро, Тесла на 50, 20 и 10 центи, а глаголицата на која ќе пишува ХР на 5,2 и 1 цент.

Со оглед на тоа што големиот светски научник и пронаоѓач Никола Тесла  по националност е Србин од Лика, а Хрватите планираат да го стават на нивните монети, Пленковиќ објасни дека тоа е предлог на граѓаните.

-Тоа се на сите нас важни симболи. Тесла влезе како предлог на граѓаните, влезе во петторката и го истисна Дубровник, кој е исто важен, рече премиерот на Хрватска и додаде дека мора да се задоволат сите услови за влез во еврозоната.

По неговото излагање на прес конференцијата, владата дополнително излезе со соопштение.

„Комисијата за пари на Хрватската народна банка на денешната седница го утврди конечниот предлог на мотивите за националната страна на идните хрватски евромонети, кои ќе ги разгледа Националниот совет за воведување евро како официјална валута во Република Хрватска, за што Владата ќе донесе заклучок“ соопштија од владата.

Оттаму појаснуваат дека предложените мотиви се шаховница, географската карта на Хрватска, куната, глаголицата и Никола Тесла.

-Притоа шаховницата како мотив ќе биде заедничка подлога на сите монети, а останатите мотиви ќе бидат распоредени на следниот начин: на монетата од две евра ќе биде прикажана географската карта на Хрватска, на едно евро мотив на куна, на 50,20 и 10 центи Никола Теска, а на 1,2 и 5 центи ќе се најде мотивот глаголица“, објави владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот