Добра орална хигиена е подеднакво важна како и миењето раце

Познат стоматолог од Сиднеј со совет како даго намалите ризикот од ширење на корона вирусот.

Гејмер Вердијан, стоматолог од Сиднеј, вели дека одржувањето на орална хигиена е подеднакво важно како миењето раце и држењето растојание. Тој објаснува дека четката за заби може да биде вистински „инкубатор“ на бактерии кои меѓу другото го ослабнуваат имуниот систем.

– За да одржувате добра хигиена потребно е два пати во денот четкичката за заби да се мие со врела вода по триесетина секунди пред да користите паста за заби, вели Вердијан.

Според него добрата орална хигиена е одговорна за здрави заби но и помага во борбата против инфекции и вируси кои влегуваат преку крвотокот.

Вердијан додава и дека голем број од бактериите во устата се поврзани со зголемен ризик од кардиоваскуларни и белодробни болести кои може да ве направат ранливи на инфекти како корона вирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот